fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
srednoskolci i graganski aktivisti ucat kako podobro da zastapuvaat inicijativi za zivotna sredina featured

Средношколци и граѓански активисти учат како подобро да застапуваат иницијативи за животна средина

Поголема достапност до информации за квалитетот на водата во Преспанското Езеро, расчистување на малите диви депонии во Струга, решавање на градежниот отпад во Демиркаписката Клисура, примена на добри земјоделски практики  во Тиквешкиот и Струмичкиот регион, како и поттикнување на екоактивизмот кај младите во Битола се шест иницијативи во рамки на кои Институтот за комуникациски студии и група граѓански организации годинава ќе преземат низа активности за унапредување на состојбите со животната средина. Сите активности ќе се спроведуваат во партнерство со шест средни училишта од засегнатите региони, со цел да се поттикне екоактивизмот кај младите генерации и да се подигне свесноста за овие теми.

За таа цел во текот на јануари и февруари се организираат обуки за спроведување кампањи за здрава и чиста животна средина со средношколци и претставници на граѓанските организации. На обуките, учесниците ќе можат да ги унапредат своите знаења за правните механизми во областа на животната средина, но и како подобро да ги застапуваат иницијативите кои што се однесуваат на оваа област. Предвидени се три обуки во кои ќе бидат вклучени 90 средношколци и нивни професори, како и претставници од шест граѓански организации кои што работат во регионите каде што ќе се спроведува проектот.

Обуките се реализираат во рамки на проектот „Локална акција за подобри политики за заштита на животната средина“ што го спроведува Институтот за комуникациски студии во партнерство со Македонското еколошко друштво, а со финансиска поддршка на Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР).

Сподели